Фудбалерот низ солзи, „Јас сум невин, страдам како куче“

Светскиот шампион со Италија од СП 2006 година, Винченцо Јакинта беше осуден на две години затвор за поврзаност со мафијата и учество во злосторства, во кои било користено оружје.

На излез од судот Јакинта беше пресретнат од насобраната група новинари и видливо вознемирен, го сподели своето мислење дека нема никаква врска со организираната криминална мрежа „Ндрангета“.

Кај Јакинта беа пронајдени револвер „Смит и Весон“, пиштол Калт-тек 7,65 Браунинг и 126 куршуми.

– Во нашето семејство не ни знаеме што значи зборот „Ндрангета“. Тоа не е можно. Го уништија мојот живот, а ништо не сум сторил. Тие ме обвинуваат затоа што сум од Калабрија. Страдам како куче за моето семејство и за моите деца. Го освоив Светското првенство и сум горд што сум од Калабрија. Ние немаме направено ништо и немаме никаква врска со „Ндрангета“, изјави Јакинта.

Во исто време таткото на поранешниот фудбалер Џузепе е обвинет како учесник во организираната криминална мрежа и беше казнет со затвор од 19 години.

 

 

 

31.10.2018 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега