Фудбалерот кому му се одбројани деновите испрати порака со соиграчите: „Дојдете, тоа ќе ми е последна вечер“

Некогашниот репрезентативец на Холандија и поранешен фудбалер кој е најпознат по своите забави кои ги правеше се бори со тешка невролошка болест под називот АЛС, а како минуваат деновите нему му е се потешко.

Фернандо Риксен во својата кариера играше за Фортун, АЗ, Ренџерс и Зенит, а за репрезентацијата на Холандија настапи на 12 натпревари.

Фудбалската кариера ја заврши во 2013 година, затоа што се разболе.

Една година подоцна издаде своја автобиографија и стана заштитно лице во борбата против оваа смртносна болест.

Неговата состојба сега е критична и деновите му се одбројани. Приклучен е на апарати и во таква состојба им се обрати на соиграчите.

-Поздрав. Имам посебна вечер на 28. јуни. Бидејќи ми станува се потешко, тоа ќе биде мојата последна вечер. Дојдете и претворете ја атмосферата во вечер за паметење. Се надевам дека ќе се вииме наскоро - рекол Риксен.

-Во последно време се чувствувам уморно, дури и после спиење. Кога се будам имам главоболки. Луѓето кои се грижат за мене добро ја работата својата работа. Јас седам и им кажувам што да прават - рекол неодамна фудбалерот.

Сопругата Вероника ја запознал кога играл во Зенит, а со неа ја има и 5-годишната ќерка Изабела, која се уште не знае дека на нејзиниот татко му се одбројани деновите. Иако докторите прогнозираа дека Риксен ќе почина во 2015 година, тој ја „надмудри“ медицината.

 
 
 
View this post on Instagram

Thank you so much to all the people for such a great night and support to our family 

A post shared by VeronikaRicksen/Veselova (@veronikaricksen) on Feb 23, 2019 at 9:02am PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2019 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега