Ноќеска (19.03.2026) околу 00:10 часот, кај наплатната рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар лишија од слобода тројца лица: Е.Е. (40) и Б.С. (48), двајцата од Гостивар, и Ќ.Р. (70) од село Врањовци, гостиварско.
При преземањето мерки, полициските службеници забележале дека лицата се наоѓале во патничко возило „Фолксваген Бора“ со гостиварски регистарски ознаки. Е.Е. при тоа исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и едно со кафеава прашкаста материја, кои веднаш биле пронајдени и одземени.
Лицата се задржани во полициска станица, а во координација со јавен обвинител, во текот на денот ќе им биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.


