Фрчковски: Владата треба се што не направиле досега да го направат до октомври

Владата треба се што не направиле досега да го направат до октомври. Сета таа патетика по Самиот на ЕУ да ја претворат во реална политика. – порача Љубомир Фрчоски во вечерашното гостување во „24Анализа“ на 24Вести ТВ.

Фрчкоски рече дека климата во овој период е најповолна за тоа и никаква друга расправа не треба да ги интересира.

-Притисок од опоцицијата ќе има доколку Заев се покаже како нокаутиран, приказната за жртва треба да ја остави во Брисел и треба да се врати како што би рекле вмровците како лав. – рече Фрчкоски.

Сите работи се горе доле расчистени. Мора жестоко, како внатре во партијата што направија, така и во администрацијата да направат реформа.

Професорот порача дека програмските ветувања мора да ги завршат, да успеат да ги завршат, а најважен е делот со правосудството и администрацијата.

-Може да извршат смена на 30-тината корумпирани судии кои се влечеа во телефонските разговори, познати како „сваровски судии“. Предметите треба да продолжат, владата да докаже дека криминалните дејствија на претходниците се докажани и докажливи. Владата ќе плати доколку не се консолидираат да најдат правни решенија, постојат правни решенија, немора да се мешат политички партии. Криминалците мора да одат во затвор. – констатира Фрчкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа