Фрчкоски неприфатлив за САД – нема да биде амбасадор

Универзитетскиот професор и поранешен министер, Љубомир Даналилов Фрчкоски нема да биде амбасадор во САД како што претходно беше објавено, јавува МКД.мк, повикувајќи се на информации од високи дипломатски извори.

Како што пишува медиумот, САД изразиле извесни резерви кон Фрчкоски.

За Фрчкоски минатиот месец беше дадена согласност од Владата по што почна процедурата за обезбедување на агреман и чекал одговор.

-Но, високи дипломатски извори потврдуваат дека согласност од Вашингтон не е добиена. Нашите извори не откриваат детали зошто Фрчкоски е неприфатлив за Соединетите Американски Држави - дали на тоа влијаеле неговите поранешни политички ангажмани или е нешто друго во прашање, пишува МКД.мк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа