Фрчкоска: Дописите кои Јанева ги испраќаше од притвор беа напишани рачно и лично од неа

Опозицијата обвинуваше дека писмата на Катица Јанева испратени од притвор се пишувани на компјутер, но во денешното интервју за ТВ21, нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вели дека тие се пишувани лично од Јанева рачно.

-Дописите кои Јанева ги испраќаше од притворот, беа напишани лично од неа, на рака. Процедурата за доставување на таа писмена коресподенција беше во согласност со Законот за кривична постапка член. 178 и тоа беше направено со знаење на органот кој ја спроведува истргата преку службите на затворот и преку судот и судијата на претходната постапка. Затоа сметам дека сите информации дека писмото е напишано на компјутер не се вистинити, односно се шпекулации - кажа адвокатката Ирена Фрчкоска за ТВ 21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега