Фрчеа казни на сите страни: Казнети 458 возачи на мотоцикли

Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше засилена акција во период од 09.05 до 15.05 на територија на Македонија при што казнети се 458 возачи на мотоцикли.

Од нив, 280 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 104 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци“, соопштија од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

16.05.2022 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа