Фрчат казни за возачи со затемнети стакла

 

Полицијата извести дека се имплементираат засилени акциски контроли на територијата на целата земја. Па така, 31 возач ќе плати казна за непочитување на сообраќајните правила и прописи, напишани од полициски службеници во текот на изминатите денови.

Во периодот од 06.09.2021 до 12.09.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкциониран е 31 возач“ – се вели во дневниот билтен на МВР.

 Оттаму апелираат до граѓаните почитување на сообраќајните правила, со цел заедничко придонесување за побезбедни патишта.

13.09.2021 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа