„Фрчат“ големи казни за возачи

Голема акциска контрола на територијата на целата земја, спроведоа вчера полициските службеници, припаднници на МВР. Имале полни раце работа, бидејќи санкционирале голем број на граѓани кои возеле со поголема, од дозволената врзина.

„Санкционирани се 335 возачи. Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 178 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место“-стои во соопштението на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

16.09.2021 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега