Французите развиваат маски за стотина употреби

Француските индустријалци и научници најавија почеток на производство на нов тип на заштитна маска, поотпорна од сите досега, која ќе може да се употреби стотина пати без замена.

Маската ќе се најде на пазарот по малопродажна цена од околу 30 евра.

Меѓу четириесетте научници и експерти кои соработувале на овој проект имало и вработени во компанијата Мишелин, но и Центарот за атомска и алтернативна енергија (ЦЕА).

Пробна серија од околу 5.000 маски веќе е во продажба, а првите маски на пазарот би требало да се појават веќе следната недела. Мишелин веќе резервираше 130.000 маски од кои дел ќе ги донира на регионалните здравствени установи.

Новата маска ќе биде испорачана со пет филтри кои можат да се перат, па тоа на корисниците ќе им овозможи стотина користења.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега