Француското Собрание на 21 ноември ќе расправа за Протоколот за членството на земјава во НАТО

 Националното собрание на Франција на 21 овој месец ќе расправа и најверојатно ќе го усвои Предлог-законот за ратификација на протоколот за членството на Македонија во НАТО, јави дописникот на МИА.

Предлог-законот на француското Министерство за Европа и надворешни работи со кој се ратификува Протоколот на НАТО за пристапување на Македонија, веќе беше усвоен од Сенатот во Париз на 17 октомври, а тој се е во парламентарна процедура во Долниот дом на Парламентот, Националното собрание. По комисиските расправи, предложениот закон ќе се најде на расправа на собраниската седница на 21 ноември, кога се очекува и да биде усвоен.

Во образложението на Предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, пристапувањето на Северна Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“.

– Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на индивидуалните постигнувања на земјите кандидатки и нивниот придонес за безбедноста на евроатлантската област, се наведува во образложението.

По ратификацијата на Протоколот од страна на Франција, ќе остане уште тој да биде одобрен и шпанскиот Парламент, што се очекува да се случи до крајот на јануари, со што ќе заврши процесот на ратификација на документот во сите 29 земји членки на НАТО и земјава ќе стане полноправна членка на Алијансата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега