Францускиот премиер се вакцинираше со вакцината на „Астразенека“

Францускиот премиер Жан Кастекс (55) денеска беше вакциниран со вакцината на „Астразенека“, со цел да се врати довербата на граѓаните во британско-шведската вакцина.

„ Не почувствував ништо иако сум чувствителен на болка“ изјавил Кастекс, кој ја прими првата доза од вакцината на „Астразенека“ во воена болница недалеку од Париз, два часа откако Владата одобри повторна употреба на истата.

Кастекс го исполни ветувањето дека ќе се вакцинира со оваа вакцина, ако Владата одобри нејзина употреба.

Франција како и голем број европски земји, привремено ја суспендира употребата на вакцината на компанијата „Астразенека“ поради појавата на случаи со несакани ефекти

Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината на „Астра зенека“ откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Бугарија, Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар, Германија, Франција, Италија и Шпанија веќе најавија дека ќе продолжат со имунизирање со вакцината на „Астра зенека“.

Шведска соопшти дека следната недела ќе донесе одлука за привремениот прекин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега