Францускиот премиер Едуар Филип даде оставка - откриено кој би можел да го замени

Францускиот премиер Едуар Филип поднесе оставка, соопштија денес од Елисејската палата.

Филип ја вршеше премиерската функција од 15-ти мај 2017-та година. По професија е правник, адвокат, долгогодишен член на Унијата на народно движење која подоцна стана партија на Републиканците.

Според некои анонимни извори од француската влада, наводно Филип има амбиции да се кандидира на претстојните претседателски избори и да му биде директен конкурент на Макрон.

Макрон синоќа изјави дека планира „нов пат“ со „нова екипа“, со што практично ги потврди информациите кои во претходните денови кружат за промени во француската влада.

Француските медиуми деновиве шпекулираа дека можен нов премиер на земјата би можел да биде актуелниот шеф на француската дипломатија Жан Ив Ле Дриан, а според некои извори кандидат за премиерската фотеља ќе биде и министерката за одбрана Флоранс Парли.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега