„Францускиот предлог“ ја урна веб-страната на Владата

Владата на Република Македонија го објави „францускиот предлог“ на официјалната веб-страна по завршување на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

Меѓутоа, веб-страната на Владата веднаш падна, и тоа најверојатно поради поголем сообраќај од вообичаено.

– Со владината коалиција денескa разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Македонија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес, напиша Ковачевски на фејсбук.

 

01.07.2022 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега