Францускиот министер порача: Ако повторно дојде до хемиски напад во Сирија, одговорот ќе биде идентичен

 

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан изјавил дека доколку почувствува дека Сирија веќе не е во можност да произведува хемиско оружје, но повторно го употребува, Франција и нејзините сојузници нема да се мислат и повторно ќе нападнат.

Во интервју за France Info, Ле Дриан потсетил дека во август 2013 година режимот на Башар ал-Асад обврзал дека ќе го уништи сето хемиско оружје. Очигледно дека не е сѐ уништено.

„Јасно е дека одговорот ќе биде идентичен кога Башар ал-Асад повторно ќе ја премине црвената линија“, нагласил шефот на француската дипломатија.

Тој истакнал дека на Асад никогаш не му била објавена војна туу дека темата е хемиското оружје.

„Не објавивме војна ниту на Башар ниту на неговите сојузници. Едноставо делувавме за хемиското оружје повеќе да не се употребува и да не му се случи на сирискиот народ тој ужас“, рекол Ле Дриан.

 

 

 

17.04.2018 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа