Француски пратеник и милијардер загина во хеликоптерска несреќа (ВИДЕО)

Оливие Дасо, француски пратеник и милијардер, наследник на богатството на Дасо, загина во хеликоптерска несреќа на северот на Франција во неделата.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, му оддаде почит на пратеникот на десничарската Републиканска партија, изјавувајќи дека Дасо ја сакал и служел на својата земја.

Според магазинот Форбс, Оливие Дасо поседува околу пет милијарди евра, а неговото семејство важи за едно од најбогатите во Франција. Тој е најстариот син на францускиот милијардер индустријалец Серж Дасо, чија компанија произведува воени авиони „Рафале“ и е сопственик на парискиот весник „Фигаро“, објави Ројтерс.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега