Франција пред италијанско сценарио: Заразени над 40.000 луѓе со ковид-19 за 24 часа

Франција евидентирани нови 41.622 позитивни лица на ковид-19  во изминатите 24 часа, што е за 15.000 повеќе од претходниот ден, соопшти вечерва Институтот за јавно здравје.

Земјата се доближува до бројката од еден милион заразени (999.043) додека во изминатото деноноќие се пријавени 165 смртни случаи или вкупно 34.210 од почеток на епидемијата.

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека полицискиот час од сабота ќе се прошири на уште 38 региони и со мерката ќе бидат опфатени вкупно 46 милиони луѓе или две третини од населението.

Кастекс најави и построги мерки доколку епидемијата на коронавирусот не биде под контрола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега