Франција повторно ги заострува мерките за борба против Ковид-19

Францускиот премиер Жан Кастекс попладнево соопшти дека сака да ја прошири колку што е можно обврската за носење на маска на јавни места, и притоа потврди дека забраната за настани со повеќе од 5000 учесници ќе биде продолжена се до 30 октомври, јави дописникот на МИА.

-Ако ние не реагираме колективно се изложуваме на поголеми ризици од епидемија, изјави францускиот премиер.

Префектите, според Жан Кастекс, ќе имаат можност да дозволат одржување на настани со или помалку од 5000 учесници, со проверка дали стриктно се почитуваат санитарните мерки, додавајќи дека не може да се очекува сè од јавните власи и оти секој има свој дел од одговорноста. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега