Франција нуди хумантирна помош за бегалците од Сирија

Франција апелираше Русија и Сирија да ја запрат офанзивата на северозападот на Сирија.

Понудила помош од Европската унија на Турција за да се избори со најновиот бегалски бран од Идлиб.

По разговорите со својот турски колега Мевљут Чавишоглу, францускиот министер за надворешни работи Жан Ив ле Дриан го повтори апелот на Париз упатен до владите во Дамаск и Москва – да ја запрат офанзивата на северзападот на Сирија и во потполност да го почитуваа меѓународното хуманитарно право.

Откако вчера во воздушен напад загинаа 33 турски војници во Сирија, Анкара предупреди дека веќе нема да ги спречи илјадниците бегалци да тргнат на пат кон Европа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега