Франција и Британија одат по црните стапки на Италија и Шпанија

Статистиката покажува дека Велика Британија и Франција речиси во чекор го следат застрашувачкиот пат кои Италија и Шпанија веќе го поминаа, јавува британски „Скај њуз“.

Со 47.806 заразени и 5.000 починати, Британија моментно се наоѓа на осмото место најпогодени земји во светот, но наскоро би можела да стане европски епицентар.

Според сегашниот раст Британија до крајот на неделата би можела да има над 10.000 мртви.

Според податоците од оваа земја, во првите десет дена по 100 жртви, британската крива на смртност беше под италијанската и шпанската, што се сметаше за охрабрувачки знак, но тогаш се случи пресврт.

И во момент кога шпанските и италијанските криви почнаа да се порамнуваат, британската почна вртоглаво да се качува.

Франција стана петта земја која ја престигна Кина по бројот на заразени и трето најголемо жариште во Европа, а потоа почна да бележи и рекорден број на мртви.

Стапката на смртност до викендот се искачи за 61 отсто, а растот на бројот на заразени за 44.

Моментно во земјата има 82.839 заразени и 8.078 мртви.

Причината за драстичниот скок е особено загрижувачка.

Франција од минатата недела почна во официјалната статистика да ги вбројува и случаите од старечките домови, а токму влезот на вирусот во овие домови во Италија и Шпанија беше еден од причините кои доведоа до катастрофа.

Според официјалните податоци, во старечките домови ширум Франција има 17.827 заразени, а денеска тој број е уште поголем.

Франција кон крајот на јануари беше прва европска земја која пријави присуство на коронавирус во своите граници.

Како што растеше италијанското жариште, се чинеше дека ситуацијата во Франција е под контрола, сѐ до средината на минатиот месец кога нагло ескалираше.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега