ФОТО:Плажите во Неум полни, иако БиХ има рекорден број на новозаразени

БиХ има најголем број случаи на зараза од коронавирусот, а плажите во Неум се преполни. При тоа луѓето не се придржуваат до мерките за заштита. 

Вчера имаше дури 172 случаи на зараза со коронавирусот. 

Како што известија од ентитетските здравствени установи, во последните 24 часа со тестирање за вирусот САРС-ков-2 се откриени 101 позитивно лице во Федерацијата БиХ и уште 71 во Република Српска.

Бројот на туристите во Неум е многу голем, а се бележи сѐ поголем број резервации за сместувања.

Луѓето се јавуваат од цела БиХ, сакаат да летуваат во Неум. Хотелите се комплетно резервирани, а речиси полни се и приватните капацитети. Хрватска со таа одлука многу ни’ помогна. И’ благодарам за тоа“, вели директорот на хотелот „Сонце“ во Неум, Давор Крешиќ.

Од 1 јули ќе има туристички бум во овој град. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега