Фотографија од обезбедувањето на Првата дама на Турција: Шетаа вооружени по улиците на Белград, па така влегле во кафуле

За време на посетата на сопругата на турскиот претседател Емине Ердоган во турската амбасада во Белград, близу едно кафуле, дошло до недоразбирање со обезбедувањето на Првата дама на Турција и келнерите во локалното кафуле.

Според неофицијални информации обезбедувањето на Емине сакало да влезе во обиколка на кафулето за да провери дали е безбедно, но келнерите им забраниле бидејќи биле вооружени.

Според очевидци, набрзо настанала расправија помеѓу обезбедувањето и келнерите и гостите кои биле таму.

Откако е исконтактирана и српската полиција, еден од гостите и еден келнер биле приведени, но за кратко време ослободени по разговор и легитимирање.

Целата приказна ја потврди и фотографија која беше објавена на Твитер.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега