ФОТО: Зоолошката градина во Скопје има нови жители

Зоолошката градина во Скопје има нови жители, а се работи за џуџести крокодили и патагониските мари .

„За првпат, Скопје е дом на овие јужноамерикански глодари кои потекнуваат од патагониската област во Аргентина.

Често ги нарекуваат и патагониски зајак поради сличноста со ова животно. Тие се едни од најголемите глодари и се познати по нивниот специфичен изглед.

Моментално се во карантин, поради адаптација на новата средина„ стои во објавата.

Од таму  додаваат дека скопската зоолошка и за првпат е дом на џуџести крокодили.

„Ова се најмалите крокодили на светот и потекнуваат од Конго, Африка “ стои во другата објава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа