(ФОТО) Железничка несреќа во Хрватска: Се судрија патнички и товарен воз, медиумите јавуваат за загинати и повредени

Товарен и патнички воз вечерва се судрија во околината на Новска, во Хрватска. Како што јавува дневник.хр има повредени, но и загинати, пренесува „360 Степени“.

Како што неофицијално дознаваат медиумите патничкиот воз поминал на црвено светло и удрил во товарен воз, кој стоел.

„Два километри по постојката Рајиќ, патничкиот воз во источен правец налетал на товарен воз кој стоел поради дефект. Подрачјето е недостапно за возила, што го отежнува спасувањето“, објави индекс.хр.

Според првите неофицијални информации загинале машиновозачот и кондуктерот.

„Вечерва, 9 септември, околу 21:30 часот меѓу станиците Окучани и Новска, патнички воз бр. 2506 удрил во товарен воз. Несреќата резултирала со жртви и тешки телесни повреди. Службите за итна помош се на местото на несреќата. Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата. Возот 2506 сообраќал на релација Винковци – Новска“, соопштија од Хрватски железници.

На местото на несреќата се упатил премиерот Андреј Пленковиќ и голем број министри.

Повеќе и поопштирни инормации се очекуваат подоцна.

 

09.09.2022 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега