ФОТО: Започна невремето во Македонија - каде врне најмногу во моментов
Како што беше најавено од Управата за метеоролошки работи, денеска попладне започна невремето во неколку градови во земјава.
Пороен дожд, проследен со ветер и грмежи забележан е во Скопје во моментов.
До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 21 степени, а максималните ќе достигнат до 33 степени. Eве каде врне во моментов:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа