ФОТО: За само неколку секунди останал без својата животна заштеда- Американец ограбен пред банка

 

Американец ја изгуби целата животна заштеда пред банка за само неколку секунди, откако ги земал од банка за помош за своето семејство поради коронакризата.

Франциско Корнехо тргнал кон автомобилот кога го нападнал крадец.

На снимката се гледа како Франциско лежи на земја, а крадецот со црн дуксер бега со парите во торбата.

Корнехо кој завршил со изместено рамо и модрици, земал пари од една филијала откако ја продал својата куќа. Со парите требало да им помогне на своето семејство со трошоците за време на коронакризата.

„На моите родители им беа потребни тие пари за да преживеат, двајцата се невработени, а тука е и мојата 94 годишна баба, да ги покријат медицинските трошоци за неа и да плата стипендија за мојата сестра, а нешто да пратат на моите роднини во Ел Салвадор и Мексико, бидејќи многу од нив останаа без работа и без своите домови поради кризата со пандемијата од Ковид 19“ рекла неговата ќерка.

Бил паркиран во близина на банката бидејќи знаел дека ќе земе поголема количина на пари, но во рок од 30 секунди бил нападнат и парите му биле украдени.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа