ФОТО: За најпопуларните чизми дала 50 евра - во кутијата ја дочекалот грдо и „миризливо“ изненадување

Познатата блогерка, 22-годишната Џорџија Грејс нарачала чизми од интернет, а кога ги извадила од кутија, ја дочекало непријатно изненадување.

Девојката раскажала дека ѝ се слошило кога во кутијата со чизмите нашла валкан црн чорап.

За чизмите од најновата колекција од познат бренд дала 45 фунти (околу 50 евра) и добила миризлив подарок. Блогерката на Инстаграм ја следат повеќе од 11.000 луѓе, а јавно го изразила своето незадоволство од она што го добила.

Истакнала дека од СОСО не добила ниту извинување откако им укажала на непријатноста.

„Им напишав во порака што најдов и само ми одговорија чизмите да ги вратам назад. Без извинување, без ништо. Многу, многу грдо“, порачала Џорџија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега