ФОТО: Вратите не можат да се затворат- градските автобуси преполни- „57ца крца“

Ограничување на бројот на патниците во јавниот превоз на 50 проценти предзивика турканици и гужви во автобусите на ЈСП.

Редуцираните линии во јавниот превоз во Скопје предизвикува хаос во автобусите. Иако според протоколите, во еден автобус може да се возат само 50 отсто патници од вкупниот капацитет на автобусот сликата не е баш таква на терен. 

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа преполн автобус, а вратите не можат ниту да се затворат. 

Станува збор за автобус со бројот 57. Тоа всушност е една од линиите кои според новиот возен ред на ЈСП Скопје има зголемен број на автобуси. Со новиот возен ред, автобусите се намалија во речиси сите линии освен оние кои и така беа најредовни, како што се 5-ка, 15-ка, 57-ца, 24-ка...

-Чаир 12:50, автобус 57-ца, крца!!!, се вели во објавата.

Инаку, во автобусите има редари кои седат напред кај возачите, со оглед на тоа што не се дозволува патниците да влегуваат од предната врата на автобусите. Се поставува прашањето дали воопшто редарот во овој автобус ги предупредил патниците дека капацитетот од 50 отсто, како што стои во протоколите, е исполнет.

  

  Претходно, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов намалениот број на автобуси во јавниот превоз го правдаше со тоа што бројот на корисници бил намален за 70 отсто.

 Од ЈСП Скопје, пак, велат дека моменталниот број на возила ги задоволува потребите на скопјани. Според претпријатието, до неодамна на линија се вклучуваа 140 возила, а откако во сила стапија новите протоколи, дел од јавниот превоз секојдневно се 190 возила. 

-Режимот на превозот не е направен паушално, туку врз основа на бројот на валидации од електронскиот систем на наплата, а во неколку наврати извршено е и физичко броење на просечен број на корисници/патници. Бројот на корисници кои го користат јавниот превоз, за кој имаме увид во секое време врз основа на бројот на валидации од системот за електронска наплата, укажува дека актуелниот режим на сообраќање ги задовоува потребите на корисниците и не се регистирани поголеми гужви, при што испочитувана е валидната препорака за исполнување на возила не повеќе од 50 отсто од нивниот капацитет, истакнаа од ЈСП Скопје во соопштение испратено минатата недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега