ФОТО: Во Ирак уапсен џихадист од 250 килограми- морале да го натоварат во камион

Ирачките безбедносни сили го уапсиле Шифа ал Нима, под сомнение дека издавал верски пресуди, поради кои се убиени многу интелектуалци и свештеници, како и бомбардирани џамии. Ирачката полиција соопштила дека муфтијата е еден од главните водачи на ИД.

На фотографијата при неговото апсење се гледа како муфтијата кој тежи 250 килограми, го ставаат  во задниот дел од камионот бидејќи не го собирало во полициското возило, пишува Daily Mail.

– Водушевен сум дека во Мосул е уапсен абба Хут на Исламската држава. Тој е одговорен за убиства на мажи, жени и деца. Тоа животно силуваше и убиваше, напишал на Твитер Британец кој се борел против ИСИС во Сирија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега