ФОТО: Вели дека баба ѝ ѝ дава пари за операции - во градите има 4 килограми силикон, изгледаат како лубеници

Инфлуенсерката Парис Хермс ја следат 270.000 луѓе, а оваа црнокоса дама интригира со провокативни фотографии, но и фактот дека во неа има дури 4 килограми силикон.

Првпат направила естетски зафат кога имала 17 години, тогаш ја корегирала устата, а една година подоцна и градите.

Две години подоцна дополнително ги зголемила градите, во секоја одделно ставила по килограм силикон. Но, ниту тоа не ѝ било доволно, па дополнително повторно ги корегирала.

Денес во секоја посебно има по 2 килограми силикон, а секоја буквално е во големина на лубеница, а Парис е сопственичка на најголеми гради во Германија.

Инаку, Парис тврди дека за операциите успева сама да заштеди, а дека често во тоа ѝ помага и баба ѝ со која живее и која ја пораснала.

„Не ми е само баба, таа е и моја најдобра пријателка. Секогаш ме поддржува, иако сега мисли дека треба да престанам со операциите. Секако, не се согласувам со неа за тоа“, објаснила Хермс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега