ФОТО: „Веќе не влегувам во море“ - огромен пајак ги преплашил капачите на Јадранот

Капејќи се на плажата во местото Пилјица недалеку од Трогир некој фотографирал глетка која ги избезуми капачите.

Имено, на фотографијата објавена на Фејсбук страницата Дневна доза просечен Далматинец се гледа како на пловечките заштитни огради во морето се искачил огромен пајак.

Многумина во коментари под фотографијата признале дека ова ги одвратило од капење.

-Се сум очекувала, но ова? Повеќе не се капеме“, „Би умрела истата секунда кога би го видела ова“, „Ќе ме стрефи срцев удар“, „Јас веќе во море не влегувам“, пишувале тие.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега