ФОТО: Вака луѓето шетаат во Осиек - наезда на комарци, жителите не можат ни на прошетка

Жителите на Осиек се жалат на наезда на комарци, која велат дека сериозно им го загрозува здравјето. Слична појава има и во хрватскиот град Вуковар, каде жителите со сите сили се борат против инсектите кои се намножиле во огромен број.

,,Вака не може да се живее повеќе. за 34 години не сум видела ваква наезда на комарци. неможеме да излегуваме надвор. Ни остануваме единствено да седиме затворени дома, а најлошо е за децата”, раскажува Иван Згребац за хрватските медиуми, кој се жали дека за само 45 минути добил стотина убоди од комарци на неговиот грб.

Со затоплувањето и високите температури започнала и наездата на комарци, предизвикана од дождливата пролет и порастот на водостојот, што е идеален услов за разможување на комарците.

Комарецот има способност за миграција околу 70 километри. Граѓаните сметаат дека битката со инсектите е однапред изгубена, ако не се вклучат авионите за нивно уништување.

Медиумите пишуваат дека побарувачката за спрејови е огромна, а жителите на Осиек се жалат дека мирисаат на аутан и дека живеат во „Комарцоград”.

Децата кои се алергични на убоди на комарци буквално се заробени во нивните домови од кои неможат да излезат…Но, и таму комарците се почесто наоѓаат начин да влезат во роеви.

,,Користиме секакви средства против инсекти, ставивме и комарници, но тие сепак успеваат да влезат дома”, велат жителите на Осиек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега