ФОТО: Ужасот на Халкидики снимен од воздух - откриено зошто не било дадено предупредување за бура

Бројот на загинатите во силното невреме на Халкидики порасна на седум откако денеска беше пронајдено телото на маж во областа меѓу Созопол и Неа Каликратија, јавува Катимерини.

Објавени се и први фотографии од Халкидики снимени од воздух. Форензичарите ќе испитаат дали телото му припаѓа на 62-годишен рибар, кој исчезнал во морето кај Каликратија во средата вечерта.

Портпаролот на Владата, Стелиот Пецас рекол дека ќе биде понудена финансиска помош за три општини на Халкидики поради реконструкција.

Тој додал дека сервисот, со кој се испраќаат пораки за предупредување на мобилен телефон, уште не функционира и порачал дека приоритет на Владата е да го активира.

Меѓу настраданите во невремето се и две деца, додека повеќе од 100 лица се повредени, вклучувајќи и шест српски државјани.

Шефот на грчката дипломатија Николас Дендијас упатил сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и порачал до надлежните екипи да работат на тоа да се санираат штетите што е можно побрзо.

Сите болници и здравствени центри на северот од Грција се ставени во состојба на готовс, пренесува АНА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега