ФОТО: Убиство ја згрози Србија - Душан ја избодел Виолета, но пред тоа објавил нивни фотографии на Фејсбук

Триесет и тригодишниот Душан П. кој е уапсен поради сомнение дека до смрт ја избодел својата девојка, 19-годишната Виолета Ј. од Баталаге, неколку часа пред злосторството на својот Фејсбук профил објавил албум со фотографии од несреќната девојка додека се уште биле во врска.

Тие наводно раскинале, а Душан не можел да го прифати тоа.

Тој ја пречекал Виолета во нејзиниот дом, а внатре го пуштиле нејзините родители не сомневајќи се дека е подготвен за убиство.

DUŠAN (33) JE KRVNIČKI IZBO VIOLETU (19) U NJENOJ KUĆI U SELU KOD KOCELJEVE: Samo nekoliko sati pre stravičnog zločina na Fejsbuku je objavio OVO!  (FOTO)

Кога Виолета стигнала, осомничениот ја избодел повеќе од 15 пати по целото тело, а најмногу по стомакот и вратот.

Родителите случнале дека Виолета бара помош, отишле во собата и ја затекнале цела во крв.

Нејзиниот татко веднаш ја ставил во автомобил и се упатил во болница, а со нив влегол и Душан, цело време држејќи го ножот со кој ја прободел.

Несреќната девојка починала, а Душан избегал, но набрзо бил уапсен од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега