ФОТО: Три девојчиња загинаа при падот на хеликоптерот на Брајант - идентификувани сите жртви

Американските власти ги идентификувале сите девет патници од хеликоптерот кој во неделата утрината по локално време се сруши во Калифорнија.

Јавноста прво дозна дека загинале Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана, а потоа имињата на останатите загинати.

Điana i Kobi Brajant

Коби Брајант (42) - легендарен кошаркар, еден од најдобрите на сите времиња. Со сопругата Ванеса имал 4 ќерки, 17-годишната Наталија, 13-годишната Џијана, 3-годишната Бјанка и 7-месечната Капри. Блескавата кариера долга две децении ја завршил во 2016 година.

Џијана Брајант (13) - наследничка на татко ѝ кога станува збор за кошарката. Сон ѝ било да заврши Конектикет универзитет и потоа да се обиде во женската НБА лига. Хеликоптерот летал кон Мамба академијата, каде девојчето имало натпревар.

Džon i Keri Altobeli

Џон Алтобели (56) - некогаш бејзбол играч. Често патувал во Брајант за да присуствува на натпреварите на нивните ќерки.

Кери Алтобели (?) - сопруга на Џон Алтбели и мајка на Алиса Алтобели.

Alisa Altobeli

Алиса Алтобели (13) - ќерка на Кери и Џон, соиграч на Џијана. Заедно оделе на натпревар кога хеликоптерот се срушил.

Kristina Mauser sa suprugom

Кристина Маусер - кошаркарски тренер. Со Брајант ја држела кошаркарската клиника за играчи во WNBA. Зад себе оставила сопруг и две деца.

Pejton i Sara Čester

Пејтон Честер (13) - девојче кое играло во истиот тим со Џијана и Алиса.

Сара Честер - мајка на Пејтон Честер, со неа патувала на натпревар.

Ara Zobajan

Ара Забојан - пилотот на хеликоптерот на кобниот лет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега