ФОТО: Тешка сообраќајка во Крагујевац - 6 лица повредени, од ударот откинати гумите на возилата

Во сообраќајна несреќа која се случила во Крагујевац повредени се 6 лица.

Според првичните информации три лица се тешко повредени.

До несреќата дошло кога директно се судриле „ауди“ и „фиат браво“, а од силниот удар се откинале гумите на возилата.

Станува збор за широк булевар кој инаку има три сообраќајни ленти и се наоѓа на мгистралниот пат во еден од најголемите крагуевски населби.

Причината за несреќата се испитува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа