ФОТО: Тешка сообраќајка на три возила кај Злокуќани

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопско Злокуќани, на улицата Скупи.

 За среќа, според информациите, нема тешко повредени, но причинета е голема материјална штета. Од она што можеше да се забележи на лице место, во несреќата инволвирани биле три автомобили, од кои два директно се судриле, пренесува канал5.ком.мк

Сообраќајката го отежна движењето во тој дел од градот и создаде киломатерски колони на двете коловозни ленти.

Полицијата правеше увид, а допрва ќе се утврдуваат причините.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа