ФОТО: Тензично на протестот за „Монструм“- демонстрантите сопрени од полицијата

Попладнево започна протестот за случајот „Монструм“ во Скопје.

Припадниците и специјалците на МВР ќе се обидат да ги спречат демонстрантите кои што протестират против монтираните судски случаеви да дојдат до пред судот.

Имено, припадниците на МВР поставерни се на самиот булевар кај ТЦ Маврока, а со цел на истите да им биде оневозможено да дојдат до пред судот.

Во случајот „Монструм“ Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Хаки и Фејзи Азири беа осудени на девет, односно 15 години затвор. Кривичниот суд ги прогласи за виновни за тероризам и за помагање.

Случајот во јавноста познат како „Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година. На самото место беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Протестот следете го во живот ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега