ФОТО: Тамара Тодевска ѝ подготви изненадување на Катарина Ивановска - „Среќен роденден, те сакаме“
Топ-моделот Катарина Ивановска вчера наполни 32 години. Таа роденденот го прослави на ручек во познат скопски ресторан, со пејачката Тамара Тодевска и нивните деца Хана и Вања. Па, откако завршија со ручекот, Тамара ја изненади Катарина со чоколадна торта, а децата ѝ пееја роденденска песна. Видеото од прославата Тамара го објави на „Инстаграм“.
„Среќен роденден Катарина, те сакаме“, напиша таа.
26.08.2020 - 12:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа