ФОТО: Таа е негова копија - Шакира објави фотографија од својот татко, се зборуваше дека потекнува од овие простори

Пејачката Шакира направи хаос на социјалните мрежи откако објави фотографија со татко ѝ Вилијам, па му го честиташе Денот на татковците.

Имено, уште откако на синовите им ги дала имињата Милан и Саша, се појавиле сомнежи дека тоа има некаква врска со нашите северни соседи.

Од друга страна, постојат шпекулации дека еден од предците на Вилијам е од Македонија, што само ги подгреа сите претходни нагаѓања.

Едно е сигурно - таткото на колумбиската ѕвезда е роден во Либан и по вероисповед е католик. Сепак, во таа верзија наводно постои 'дупка'. Вилијам пораснал во Зале во Либан, каде голем дел од луѓето се Грци и луѓе со православна вероисповед од Сирија, па наводно оттаму потекнува врската помеѓу имињата Милан и Саша и семејството на Шакира, пренесуваат странските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега