ФОТО: Сузана Турунџиева ја прошета Атиџе низ Скопје - „Само тој што сонува и верува во себе, има можност многу да научи во животот“

Медената Атуџе Муратова од Бекирлија, хероината на македонскиот документарен филм „Медена земја“ дојде  на прошетка во Скопје, каде заедно со водителката и пејачка Сузана Турунџиева направија една боиколка низ градот, а и запејаа заедно.

Тие својата дружба ја овековечија со фотографии и снимки кои Сузана ги сподели на социјалните мрежи.

„Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје“, напиша водителката во опис на фотографиите направени во центарот на градот.

Па, така и Сузе и Атиџе заминаа во градските трговски центри и уживаа во она што можеби многумина жени ги релаксира – шопинг.

Секако, и кога станува збор за Турунџеива и Муратова, не може да помине без песна и музика, па запејааа и на туркси.

„Само тој што сонува и верува во себе, има можност многу да научи во животот, иако (за жал)  никогаш не одел во училиште.

Атиџе - една и единственa“, напиша Турунциева на фотографијата направена пред основното училиште „Гоце Делчев“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега