ФОТО: Страшна незгода кај Градско- камион удри во бетон

Предмалку на патарината кај Градско се случила страшна сообраќајка, имено камион удрил во бетон, пишува корисник на страната ѕид на сообраќајниот срам“.

„АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ!!!

Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци. Возачот на брза помош кажа дека е 5ти или 6ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.

Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање“ стои во објавата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега