ФОТО: Српскиот пејач збесна, па се закани јавно - „Сите кои ми должите над 50 евра ќе бидете тагнати на фотографија“

Српскиот пејач Вукашин Брајиќ се изнервирал поради луѓето кои му должат пари, па одлучил да им се обрати преку социјалните мрежи.

Пејачот напишал дека долговите од 50 евра ќе ги прости, а оние кои нема да му ги вратат парите ќе ги посрамоти со објавување на нивните фотографии на Фејсбук.

„Сите кои ми должат пари, а се прават мртви, да се удостојат да ми кажат во наредните три дена кога ќе гин вратат и тоа да биде до крај на јули. После тоа, сите кои ми должите пари ќе бидете тагнати на фотографија и бустовани со филтери за маркетинг кои ги користам за свирки, така што нигде нема да може да се појавите, а луѓето да не знаат какви клошари сте“, е само еден дел од пораката на Вукашин.

Пејачот Вукашин македонската јавност најдобро го памети по музичкото реално шоу „Операција триумф“, каде учествуваше и македонскиот пејач Александар Белов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега