Фото: Средени од глава допети - Цеца и Анета Молика прегрнати како вистински другарки

 

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.
 
Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство.
 
Стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација, а со тоа повеќе се зближи и со колегите од соседството. Па така, на еден свој настап, Анета беше во друштво на балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, а тоа не пропушти да го овековечи и на фотографија која ја објави на својот профил на Фејсбук.
До кое ниво стигнало пријателство меѓу овие две познати дами, не знаеме, но од приложеното нема да биде чудо ако слушнеме дека „паднал“ договор и за некоја соработка.
 

 

 

12.01.2018 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега