ФОТО: Србинка пронашла мизтериозни броеви жигосани во дрво - никој не знае што точно значат

Кога Дана Мариќ од Вишеград набавила дрва за оваа зима, не очекувала дека при нивното сечење ќе здогледа датум кој ѝ ја замрзнал крвта во вените.

-Купив дрва  и повикав пријател да ги исече. После некое време слушнав дека ме вика да видам нешто. Пред мене имаше облик поделен на пола во чија внатрешност беше напишано 2, IV, 1985 - вели Дана за РИНА.

Иако тој датум на неа не ѝ значи ништо, сепак не ѝ било сеедно и се прашувала зошто токму тоа дрво завршило кај неа.

-Децата ми велат да не се грижам, но којзнае зошто тој датум е испишан во дрвото и што тогаш всушност се случило. Веројатно тоа било напишано уште додека дрвото било младо - рекла Дана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега