ФОТО: Сопругот го запознала на 7. години, а на 14. го родила првото дете - денес имаат најмногу деца во Британија

Семејството Редфор е познато во Велика Британија, но и пошироко, и тоа не не чуди - со оглед на тоа колку членови го сочинуваат. Сју (44) и Ноел (48) има 21 дете, а неодамна облодениле дека го чекаат 22-то.

 
 
 
View this post on Instagram

Such an amazing day today i can’t even begin to tell you just how proud I am of all our children #myheartissofull

A post shared by Radford Family (@theradfordfamily) on Apr 17, 2019 at 12:25pm PDT

Среќните вести ги споделила мајката Сју и тоа на Јутјуб каналот каде покажала фотографија од ултразвук.

„Луѓе, да знаете - ќе добиеме бебе. Бремена сум 15. недела, а наскоро ќе го дознаеме полот“, рекла таа и додала дека терминот ? во април.

Таа истакнала дека се надева дека ќе има момче.

„Би било убаво да имаат 11 девојчиња и 11 момчиња“.

Најстариот син на овој пар е 30-годишниот Крис, а најмладата е ќерката Бони Реј која е родена оваа година во ноември, а само две деца не живеат со родителите.

 
 
 
View this post on Instagram

Knowlsley with the kids #knowlsleysafaripark

A post shared by Radford Family (@theradfordfamily) on Jun 10, 2018 at 5:44am PDT

Живеат во куќа со десет спални соби, а кога станува збор за финансии, извори на пари се платата на таткото, кој работи како пекар, а и 170 фунти неделно детски додаток. Пари добиваат и од реклами на Инстаграм, каде ги следат скоро 140 илјади луѓе.

Инаку, Сју истакнала дека се потребни 350 фунти неделно за да се прехрани семејството, а открила дека секоја вечер поминува најмалку 3 часа средувајќи го домот, како и дека машината за перење алишта е постојано вклучена.

Интересно е дека Сју и Ноел се запознале кога имала само 7 години, а оваа „супермама“ како што ја нарекуваат Британците, првото дете на свет го донела кога имала 14 години. После раѓањето на деветтото дете, Ноел се одлучил за реверзибилна вазектомија, но парот сепак се предомсилил па Ноел повторно отишол под нож.

 
 
 
View this post on Instagram

Enjoying a very rare meal out together child free happy birthday Alfie 

A post shared by Radford Family (@theradfordfamily) on Jul 6, 2019 at 12:05pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега