ФОТО: Сонувал дека се шета со крстот - ова е најсреќното момче во Струга

Никола Кутаноски од Струга беше најсреќниот меѓу многубројните верници што скокнаа и го извади Светиот крст од осветените водите на реката Црн Дрим.

Триесет и пет годишниот тренер по пливање и триатлон ноќеска сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим.

– Дестти пат скокам по крстот. Секоја година од исто место и иста страна. Прв пат го фаќам. Чуството е неописливо. Ноќеска сонував дека годинава што ќе шетам со крстот и дел од собраните пари ги донирам за изградба на црквата кај Женска плажа. Со таа цел дојдов и со таа цел скокав, изјави Кутаноски.

Црквата, годинашните кумови браќата Тoмче и Стефчо Голабоски и голем број верници го даруваа со пригодни подроци. 

19.01.2022 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега