ФОТО: Со завој и дрен се појави на емеисија - водителката ѝ пркоси на болката и ги извршува работните задачи

Деа Ѓурѓевиќ гледачите ги поздравила со широка насмевка од уво до уво, па после долг период со својата харизма и позитивна енергија на сите им го разубавела утрото.

Она што ги фасцинирало сите гледачи е тоа што без никакви проблеми ја покажала својата повредена рака со завој и дрен.

Имено, во комбинација со голи ракави повредената рака не била препрека водителката да ги извршува своите работни обврски, а ова нашило на многу пофалби.

Водителката успешно закрепнува од тешките повреди со кои се здоби во сообраќајната несреќа која се случи на 7. февруари и кога за малку ќе останеше без рака. Лекарите тогаш нервите од нозете ѝ ги пресадија во повредената рака за во потполност да успеат да го вратат движењето на раката. Таа сега носи дрен под завојот, а сите се надеваат дека наскоро ќе може без него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега