ФОТО: Со причина ја носи титулата кралица на стилот - Меланија се појави во уште еден одличен стајлинг

Кога ќе се спомне името Меланија Трамп, сите со восхит помислуваат на нејзиниот стил на облекување и прекрасно лице.

Меланија Трамп (50) е миленичка на модните критичари и тоа со причина. Со последниот стајлинг ја оправдала титулата на кралица на стилот кој што го носи веќе повеќе време и на кој критичарите и светот се навикнати да ја гледаат.

Таа се појавила пред Белата куќа, а била облечена во женствена и воедно класична комбинација.

Над тесниот, црн фустан носела капут кој што ја следи линијата на нејзиното тело и ги истакнува најубавите делови од него.

Капутите, особено оваа есен се во тренд, а малкумина од жените можат да им одолеат.

Овој модел кој што го носи Меланија Трамп е полн погодок затоа што ем топли ем совршено ѝ одговара на секоја жена. Во него сите изгледаат повитко и позаводливо.

Без дилема моделот е многу атрактивен, но тоа што повеќе се коментирало е неговата цена. За оваа креација, првата дама издвоила дури 2.000 евра.

Од високите потпетици ниту овојпат не се откажала. Црните чевли со бели детали совршено ги искомбинирала со целиот стајлинг.

На висина на задачата била и кога станува збор за шминката и фризурата. Како и секогаш беспрекорно стилизирана со истакнато убаво лице.

Првата дама не го криела ниту своето расположение, па не ја тргала насмевката од своето лице цел ден.

Дали ви се допаѓа ова модно издание на Меланија Трамп?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа