ФОТО: Со чорапи во Парламентот - министерот Гернот Блимел предизвика политичка бура со еден гест

Австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел предизвикал во парламентот модна, но и политичка бура, затоа што се појавил само по чорапи без чевли.

Блимел, за време на вчерашната седница, ги соблекол чевлите и прошетал во тиркизни чорапи, боја на неговата Народна партија.

Кај попзицијата тоа предизвикало голема „бура“.

-Дали вашата партија ве вади од чевли, господине Блимел - напишале од опозицијата на Твитер и порачале дека министерот треба да се срами од ваквото однесување.

Оваа акција на министерот во јавноста поттикнала прашање дали еден министер смее вака да се однесува во Собрание?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега